Отпочна доизградбата на канализационата линија во Стојаково

ЈП „Комунална Чистота“ од Богданци, денес отпочна со доизградбата на канализационата линија за „Фериева Маала“ во Стојаково.

Работите се одвиваат на полскиот пат кај местото викано „Каменот“.

Општина Богданци ги извести мештаните кои го користат полскиот пат дека истиот, почнувајќи од денес, три дена нема да биде прооден.

Како што соопшти Општината, работите се дел од активностите за целосно покривање на домаќинствата од општина Богданци со фекална канализација.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password