Азиско-тигрест комарец детектиран во Македонија – првично во Богданци, сега и во Дојран

Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека во Македонија е детектиран азиско-тигрест комарец. Најпрво, овој вид на комарец во 2016-та година беше детектиран во општина Богданци а оваа година и во општина Дојран, како и неколку општини во Скопје.

Како што потврди Зоран Атанасов – Директор на АХВ, досега немаат добиено информации за заболени животни. Ќе се поставуваат мамки за ловење на комарците за да се види дали ги има на други локации и во други општини во земјава.

Од Институтот за Јавно здравје информираа дека убодот од овие комарци дава различни симптоми, преку кои инфектолог може да утврди дали пренеле некое заболување. Досега нема пријавено случаи со било какво заболување.

Тие апелираат до општините навреме да почнат со прскање против овие комарци уште додека се ларви. Тие живеат и се размножуваат на температури од околу 25 степени, а ниските утрински температури за нив се непријател.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password