Апел:Компостерите да не се користат како контејнери, туку да се подарат на други заинтересирани лица

Минатата година Општина Богданци реализираше проект за компостирање со соседна Бугарија, преку Југоисточниот плански регион и на пријавените граѓани им беа доделени садови за компостирање. Од извршените контроли од страна на Општина Богданци констатирано е дека  дел од граѓаните кои земале садови за компостирање, истите  ги користат  како контејнери или канти за комунален и друг вид на отпад.

Во насока на реализирање на проектот општина Богданци ги замолува граѓаните кои не ги користат компостерите согласно нивната намена, да ги подарат на други заинтересирани лица. Компостирањето претставува еден вид рециклирање во природни услови, добивање на хумус од биоразградливи отпадоци. Првиот хумус беше добиен од компостер поставен во индивидуален двор.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password