Хуманитарна трка од Струмица до Гевгелија за заболени од Пулмонална Хипертензија и Пулмонална Фиброза

На 23.12.2018-та година (недела) ќе се одржи хуманитарна трка „Трчаме со Николчо“ од Струмица до Гевгелија, во должина од 50 км, за подигање на свеста за постоењето на ретката болест Пулмонална Артериска хипертензија, односно за луѓето кои секојдневно се борат за трошка здив.

Стартот на трката е во 9 часот, од Плоштадот во Струмица а финишот е на Плоштадот во Гевгелија.

Оваа трка е иницијатива на професионалниот ултрамаратонец Николчо Ѓеоргиев – македонец кој живее во Швајцарија, кој откако ја слушнал приказната на гевгеличанката Ѓурѓица Ќаева за живот без здив, сакал да направи нешто повеќе. Така всушност се родила и идејата за трчање ултрамаратон од неговата родна Струмица до Гевгелија. Идејата се проширува кога се придружува и маратонката од Богданци, Валентина Узунова.

Се очекува на трката да учествуваат околу 30  учесници на кои ќе им се придружат и неколку велосипедисти од велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица. Трасата на патеката води од Струмица, преку Костурино, Валандово, Богданци и Гевгелија, каде со пригодна културно-уметничка програма ќе бидат пречекани маратонците.

Оваа хуманитарна трка ја поддржуваат и градоначалниците на општина Струмица – Коста Јаневски, општина Гевгелија – Сашко Поцков и општина Богданци – Блаже Шапов.

Настанот ќе биде обезбеден од полициско возило и комбе за тие кои нема да ја довршат патеката.

Настанот е во организација на: Велосипедскиот Клуб „Актив“ – Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „Момент Плус“.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password