Викендов се одржа вториот ракометен Јуниор Куп на Југоистокот во Неготино

Викендов во Неготино, во спортската сала „Кирил и Методиј“ се одржа вториот ракометен Јуниор Куп на Југоистокот, за млади до 14 години. На него учествуваа екипите на РК „Младост“ – Богданци, РК „Партизан“ – Гевгелија, РК „Астраион“ – Струмица и РК „Вардар“ – Неготино.

Резултатите во Прво 1/2 финале беа следни:

РК „Младост“ – Богданци – РК „Партизан“ – Гевгелија – 13:27 (5:11)

Второ 1/2 финале:

РК „Астраион“ – Струмица – РК „Вардар“ – Неготино 22:28

Натпревар за трето место РК „Младост“ – Богданци – РК „Астраион“ – Струмица 16:19 (5:8)

Финале:

РК „Партизан“ – Гевгелија – РК „Вардар“ – Неготино 21:20

Пласман :
1. РК „Партизан“ – Гевгелија
2. РК „Вардар“ – Неготино
3. РК „Астраион“ – Струмица
4. РК „Младост“ – Богданци

За најдобар играч на турнирот е прогласен играчот на РК „Вардар“ од Неготино Ангел Ицев; Најдобар стрелец на турнирот е Тодор Узунчев од „Партизан“ – Гевгелија;

После овој турнир за младите ракометари од „Младост“ – Богданци следува месец дена пауза, поради новогодишните празници а потоа ќе продолжат со исто темпо на исто место.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password