Учениците од СОУ „Богданци“ – Богданци успешни на натпреварите по англиски и македонски јазик

Викендов се одржа Државниот натпревар по англиски јазик „Spelling bee“ во Скопје на кој учествуваа ученици од СОУ „Богданци“ – Богданци.

Ученичката Марија Пеева го освои 4-то место, Александра Каркалашева го освои 5-то место, а Крсте Демерџиев 6-то место, по менторство на Рисана Тасева, Мими Ампова и Благица Прочкова.

На Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература пак, ученичките Симона Ѓоргиева од III-1 и Ирена Станчева од II-2 го освоија 4-то место под менторство на проф. Ивана Димовска.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password