Организирана посета на ендемичниот вид Astragalus physocalyx во Богданци

На 14-ти април 2019-та година (недела), со тргнување од Градскиот парк во Богданци во 10 часот, Невладината организација „Полимат 13“ – Богданци и годинава организира посета на значајното растително подрачје Богданци (IPA Bogdanci) со фокус на ендемичното растение Astragalus physocalyx.

Ова растение освен на територијата на општина Богданци расте уште на само две места во светот. Најатрактивно е во текот на месеците април и мај кога е во фаза на цвет.

За таа цел „Полимат 13“ ги поканува сите заинтересирани посетители да им се придружат и заедно со нив да поминат квалитетно време во природа.

Од здружението напоменуваат да се носи прикладна облека и чевли и задолжително носење вода.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password