Продолжуваат традиционалните првомајски трки во Стојаково

И годинава се продолжува традицијата на првомајските трки во Стојаково, која се негува уште од 1951-та година.

Овие трки се одржуваат по повод Денот на трудот – 1-ви мај и тоа во повеќе дисциплини: трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка со ролерки (почнувајќи од 2007 г.), трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.

Трките започнуваат од центарот во Стојаково, на 1-ви мај (среда), од 10 часот.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password