Десет лица повредени по вчерашната сообраќајка на патот Струмица-Валандово

По вчерашната сообраќајка (18.08.2019-та) која се случи на регионалниот пат Струмица-Валандово, делница Струмица-с.Костурино, повредени се десет лица.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „Рено кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Богданци, патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.М.(34) од с.Банско, и патничко моторно возило „Фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(37) од Струмица.

Во незгодата З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле уште девет лица од другите возила.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password