Министерот Сугарески изврши увид во работите на патот Фурка-Богданци-Гевгелија

Министерот за транспорт и врски – Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП за државни патишта – Зоран Китанов, градоначалникот на општина Богданци – Блаже Шапов и градоначалникот на општина Гевгелија – Сашо Поцков, денеска изврши увид во градежните активности на патотФурка-Богданци-Гевгелија.

Тие направија обиколка на инфраструктурните проекти што се работат во овој регион, патот од Богданци кон Фурка и патот од Смоквица до Прдејци на кои се работи со полн интензитет.

„Граѓаните конечно добиваат квалитетна патна инфраструктура која била заборавена со години. Дополнително ќе реконструираме уште неколку патишта во периодов што следи и целосно ќе ги обновиме патиштата во југот на државата“ – изјави Сугарески.

Инаку, патот е дел од регионален пат Р1109, во должина од 15,8 км. Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од Светска Банка, а според плановите истото ќе чини околу еден милион евра.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password