Отворање на изложбата „Време – Игри“ на Костадин Танчев-Динка

На 26-ти август 2019-та година (понеделник) со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложбата Интегрални графики „Време – Игри“, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ – Богданци.

Изложбата е на проф.Костадин Танчев – Динка и ќе биде поставена во галеријата на Домот. Танчев е уметник и графички дизајнер со потекло од Валандово, кој се занимавал со филмска анимација, театарски сет-дизајн, графички дизајн, постери, плакати и слики, а негова потесна специјалност се визуелните комуникации. Добитник е на голем број национални и меѓународни награди за неговата уметност и дизајн, како и државни награди и признанија.

Настанот е во организација на Здружение на граѓани „Графичка работилница Софија“ – Богданци.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password