Меморијален турнир во чест на Гоце Петрушев и Томе Лисичков – Во Богданци се враќаат Турченко, Горбах, Мартиновиќ, Стојковиќ, Каменица…

Во сабота на 31.08.2019-та година, во салата „Млаз“, со почеток од 18 часот, РК „Младост“ Богданци ќе биде домаќин на првиот Меѓународен меморијален турнир кој ке се одржи во чест на Гоце Петрушев и Томе Лисичков, луѓето кои со тогашното раководтвото со Младост направија европски тим, оставајќи голема трага во македонскиот ракомет.

По повеќе од 15 години од тие историски моменти за клубот, во чест на луѓето кои беа најзаслужни за тој успех гости во Богданци ќе бидат: Сергеј Турченко, Виктор Горбах (Р. Украина), Зоран Мартиновиќ (Р. Црна Гора), Славиша Стојковиќ(Р. Србија), Касим Каменица (Р. Босна и Херцеговина) и уште многу други поранешни играчи на Младост од Македонија.

Учесници на турнирот ќе бидат Македонската репрезентација (ветерани), предводена од ракометната легенда Пепи Манасков, како и Сречко Ѓоргиевски и други звучни имиња, РК „Младост“ (ветерани), РК „Младост“ (пионери) и РК „Партизан Гевгелија“ (пионери).

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password