Во тек е дванаесеттата по ред графичка работилница „Софија“ во Богданци

Во тек е 12-тата графичка работилница „Софија“ во Богданци, која десет дена е собир на талентирани млади графичари од регионот. По 12 години одржување, ова е еден од најпрепознатливите културни настани во регионот, во делот на графичката уметност.

Годинава на работилницата учествуваат 14 графичари од земјава и странство. Ментор на работилницата ќе биде Марио Чаушиќ, вонреден професор на Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска а улогата на асистенти ќе ја имаат Виктор Семенпеев, Сања Жигиќ и Ана Димчевска-Семенпеева.

Завршната изложба ќе се одржи на 2-ри септември, во изложбениот простор на графичката работилница. Организатор е Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ – Богданци, главен поддржувач е печатница „Софија“ – Богданци, а нејзиното одржување е помогнато од страна на Министерството за култура и општина Богданци.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password