Во петок и сабота ќе се одржува петтата по ред „Гитаријада 100јаково фест 2019“

На 30-ти и 31-ви август (петок и сабота) во центарот на Стојаково, по петти пат ќе се оддржи „Гитаријада 100јаково фест 2019“, која повторно ќе ги собере на едно место љубителите на рок-музиката.

Во петок на програмата на оваа рок манифестација се: Dance group „Diva“ – Гевгелија, „Kolace Band“ – Стојаково, „Ние запирка другарите“ – Битола, и „Bad Obsession“ – Валандово. Додека пак, во сабота ќе настапат: „Double trouble“ – Велес, „Hot line Band“ – Скопје, „Eruption“ – Битола и соло изведба (локално).

Почетокот на манифестацијата е од 21 часот. Освен што има натпреварувачки карактер, таа и ги спојува луѓето од различни генерации, преку звуците на рок-музиката.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password