Во понеделник завршна изложба од графичката работилница „Софија“

На 02.09.2019-та година (понеделник) со почеток од 20 часот, во просториите на печатница „Софија“ – Богданци, ќе се одржи завршната изложба од 12-та по ред графичка работилница „Софија“. Гости на изложбата ќе бидат Игор Јосифов и Илија Каров.

Секоја година, работилницата е собир на талентирани млади графичари од регионот, кои творат 10 дена. Годинава на неа учествуваа 14 графичари, чиј ментор беше Марко Чаушиќ – вонреден професор на Академијата за уметност и култура во Осијек, Хрватска.

Организатор на графичката работилница е Здружението на граѓани Графичка работилница  „Софија“ – Богданци, а е поддржана од страна на Министерството за култура на Македонија и општина Богданици.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password