Ќе се реконструираат улици во Селемли во вредност од 11.958.391 денари

Општина Богданци го склучи договорот за реконструкција на улици во населено место Селемли. Станува збор за реконструкција на улиците „Маршал Тито“, „ЈНА“, „Илинденска“, „Солунска“ и „Гоце Делчев“ со вкупна должина од 992м.

Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 11.958.391 денари, од кои 8.418.880 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Решение за одобрување на барање за финансиска поддршка. Остатокот од средствата во износ од 3.539.511 денари се обезбедени од Буџетот на општина Богданци.

Согласно спроведената постапка за јавна набавка изведувач на активностите е правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password