Склучен договорот за реконструкција на патот Стојаково-Селемли во вредност од 21.275.400 денари

Општина Богданци го склучи договорот за реконструкција на локален пат Стојаково – Селемли, во вредност од 21.275.400 денари со ДДВ, од кои 18.030.000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Решение за одобрување на барање за финансиска поддршка. ДДВ е трошок на општина Богданци, кој изнесува 3.245.400 денари.

Согласно условите предвидени во договорот, активностите за реализација на проектот потребно е да завршат во рок од 120 дена.

Со реконструкцијата ќе се подобри локалната патна инфраструктура, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се подигне нивото на квалитет на живот за жителите во населените места Стојаково и Селемли.

Општината договорот го склучи со правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица согласно спроведената постапка за јавна набавка.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password