Здружението на пензионери од Богданци со подароци за првачињата

Првачињата од општина Богданци добија скромни подароци во чест на нивниот прв училишен ден, од страна на Здружението на пензионери од Богданци.

Подароците беа составени од школски прибор потребен за нивниот нов почеток. Пензионерите велат дека радоста била обострана и дека се среќни што се дел од вклучувањето на првачињата во воспитно-образовниот процес.

Средствата за овој убав гест беа овозможени од Хуманитарната велигденска акција, наградата од Валандово која ја освоија за сукање на баница, печена под вршник на празникот Илинден, а мал дел и од внатрешни средства.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password