„Шанса за спас“ е новиот сингл на Марија Ичкова

Талентираната Марија Ичкова од Богданци вчера, во емисијата „90 минути“ на Телма телевизија промовираше три нови песни работени заедно со нејзиниот стандарден тим од „Мјузик Хаус“ и композиторот Бојан Трајковски од „Eye Cue“.

Насловот на првата од трите која се најде на сервисот „Јутјуб“ е песната „Шанса за спас“ со која Марија се во целово шаренило на музичката сцена се обидува да го „спаси“ шармот на блуз музиката.

Нејзин последен сингл, работен со истиот тим, беше песната „Пак да те допирам“ издадена во март, годинава.

Младата богданчанка публиката ја запозна на нејзини 15 години со одличниот настап на талент-шоуто „Икс Фактор“.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password