Потпишани два договори поврзани со реализацијата на втората фаза од Паркот на ветерни електрани Богданци

Генералниот директор на АД ЕСМ м-р Васко Ковачевски и овластената претставничка на конзорциумот Фихтнер – Германија/Геинг – Северна Македонија, Елена Чекулаева, потпишаа два договори за консултантски услуги поврзани со реализацијата на втората фаза од изградбата на Паркот на ветерни електрани Богданци.

Едниот договор во износ од 164.312,50 евра се однесува на консултантски услуги за подготвителни работи со кои се предвидува ажурирање на Студијата за заштита на животна средина, како и спроведување на геолошки и геотехнички истраги.

Поголем дел од средствата за овој договор ќе бидат покриени со грант средства од Германската KfW Банка во висина од 162.900 евра. Другиот договор во износ од 985.192,50 евра се однесува на консултантски услуги за проектирање, подготовка на тендерска документација и надзор на изведба на работите.

Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци – втора фаза, која ја најави Ковачевски при неодамнешната посета на овој капацитет, ќе се состои од 4 до 6 ветерни турбини, секоја со номинална моќност од 3 до 4 MW.

Со овој зафат, ќе зголеми инсталираната моќност на АД ЕСМ од обновливи извори за 13,2 MW и годишно производство од дополнителни 37 GWh, доволни за снабдување со електрична енергија на околу 6.000 домаќинства.

Со реализација на втората фаза целосно се заокружува проектот Парк на ветерни електрани Богданци на проектираната инсталирана моќност од 50 MW и вкупно годишно производство од околу 137 GWh.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password