Организирана еднодневна екскурзија за децата со посебни потреби

На иницијатива на Општина Богданци и во соработка со ЦСР Гевгелија, децата кои престојуваат во Дневниот Центар за деца со посебни потреби Гевгелија на ден 27.09.2019 година остварија кратка екскурзија во Дојран со ручек во еден од локалните ресторани, каде имаа можност да поминат прекрасно време уживајќи во глетката на езерото.

Оваа активност беше планирана во Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година и е само една од активностите која става акцент на социјалната инклузија како и интеракција со средината која ги опкружува овие деца.

Впечатоците од екскурзијата беа одлични а насмевката на нивните лица беше повеќе од очигледна.

Општина Богданци и во наредниот период ќе продолжи да организира вакви активности чија главна цел е да помогнеме во социјализацијата на овие деца, со дружење и со наше внимание да им покажеме дека не се сами во нивната секојдневна борба.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password