Ученици од Богданци и Стојаково учествуваа на планинарскиот меморијал „Димитар Кангов – Кангата“

Група ученици од СОУ,,Богданци” и ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково земаа учество на 15. планинарски меморијал „Димитар Кангов – Кангата“.

Патеката по која се движеа учесниците за време на Меморијалот беше во должина од 7,3 километри, а започна од Алчак (Шутка), преку Таблата, Марково езеро до врвот Зелен Брег на 2166 метри надморска височина.

На меморијалот учествуваа 180 планинари, љубители на природата и ученици од општинските училишта од Гевгелија и Богданци.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password