Наскоро почнува турнирот во мал фудбал „Стојаково“ 2019.

На 27-ми декември, во Стојаково ќе започне турнирот во мал фудбал „Стојаково“ 2019.

Организатор на овој традиционален турнир е Спортското друштво „Цико“ од Стојаково, а настанот е поддржан од Градоначалникот на општина Богданци.

За најуспешните екипи обезбедени се и награди од 100.000 денари за прво место, 60.000 денари за второ, како и 40.000 денари за трето место.

Доколку имате потреба од дополнителни информации за турнирот истите можете да ги добиете на телефонскиот број 075/ 814-496.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password