Богданчанец лишен од слобода заради криумчарење мигранти

На 09.01.2020 околу 20.00 часот во близина на Кратово, полициски службеници од слобода лишиле 28-годипно лице од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет.

Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password