Општина Богданци доби комплетна техничка документација за изградба на три улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините.

Врз основа на јавниот повик објавен од страна на Министерството за финансии, Општина Богданци на ден 09.01.2020 година доби комплетна техничка документација за изградба на три улици во Богданци со кумулативна должина од 3км. Станува збор за готови проекти за улиците Маршал Тито, Изворски и Петар Мусев во Богданци за кои во наредниот период ќе се бараат средства за нивна реализација.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password