Промоција на ендемичните видови растенија кои растат во општина Богданци

На 25. февруари, во Домот на културата во Богданци се одржа информативна средба за заинтересираната јавност, која беше организирана од здружението „Полимат 13”, во рамките на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“, проект кој ова здружение го спроведува како локален партнер на Македонското еколошко друштво, финансиски поддржан од Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).

Посебен осврт на оваа средба беше посветен на Astragalus physocalyx (Меурест козинец), растение кое има статус на европски загрозен вид, кој освен на територијата на општина Богданци, во Значајното растително подрачје „Богданци“, расте уште само на две места, во соседна Бугарија и Турција. На средбата беа претставени досегашните активности кои “„Полимат 13” ги има реализирано во насока на заштита и промоција на ова растение, како и претставување на активностите кои во иднина ќе се преземат во рамките на проектот кој е со времетраење од три години.

На оваа средба беа присутни заинтересирани граѓани, претставници од општинските училишта и ученици, претставници на институциите и бизнис секторот од општината, претставници на Истражувачко друштво на студенти биолози и Македонско еколошко друштво.

Здружението го искористи присуството на сите овие чинители за да се споделат предлози и идеи за поголема промоција и обележување на растението и подрачјето како значајна вредност на заедницата за нејзин развој и напредок.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password