Утре во вечерните часови ќе се изврши дезинфекција на јавните површини во Богданци

Согласно последните заклучоци донесени од Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија треба да направат  дезинфекција на улиците и јавните површини на својата територија.

Согласно горенаведеното, Ве известуваме дека општина Богданци на својата територија ќе врши дезинфекција на ден 19.03 2020 год. во вечерните часови.

За таа цел, Ве замолуваме Вашите возила да не ги оставате на улиците односно јавните површини за да може непречено да се изврши дезинфекцијата односно да се постигне саканата цел.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password