Фотографија објавена на јавниот профил на СОУ Богданци
„EcoSpark“ се пласираше меѓу 20-те најдобри тимови на натпреварот.
Шесте ученици од Богданци утре ќе настапат во финалето.
Тимот „EcoSpark“ од СОУ „Богданци“ денес се пласираше меѓу 20-те најдобри тимови на „Средношколец Милионер“, натпревар што го организира „Brainster“. Средношколците утре ќе настапат во финалето.
Зад името „Чуварите на природата“ стојат шест ученици: Рената, Димитар, Дарко, Јосиф, Ристе и Костадин. Нивна менторка е наставничката Весна Ристовска. Училиштето ги пофали учениците за креативноста, посветеноста и вложениот труд и им посака успешна презентација во финалето.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.